Училиштето во Ѓурѓевиште во лоши услови – ако не бидат преземени мерки, жителите ќе ја бојкотираат наставата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во училиштето во селото Ѓурѓевиште, општина Врапчиште настава следат педесетина ученици. Но, родителите бараат подобрување на условите, бидејќи училишниот објект е во лоша состојба. Кровот е направен од азбест, а при секои врнежи од дожд или снег училниците прокиснуваат.

„Секогаш велев дека кровот мора да се замени бидејќи е канцероген, плочките горе се канцерогени. Периодов кога врне дожд или паѓа снег имаме голем проблем, бидејќи испуштаат канцерогена течност“.

„Ако ме прашате мене уште денеска би го затворел училиштето и нема да дозволам да одат децата. Нека дојде градоначалникот, директорот, инспекторот, кој сака нека дојде. Ако треба и во затвор ќе одам, но моите деца не ги пуштам на училиште“.

„Бараме од Просветниот инспекторат да дојде и да види. Ако го дозволуваат ова, тогаш децата нека продолжат да одат на училиште, но ако не дозволуваат, тогаш школото нека се затвори“.

Го посетивме и централното училиште „Наим Фрашери“, но не успеавме да добиеме став од директорот околу уловите во училиштето и поплаките на локалните мештани во с.Ѓурѓевиште за лошата состојба на училишниот објект.