Училиштето во Речица, од државниот буџет – Арифи: Училиштето ќе биде готово до март 2021 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Основното училиште во Мала Речица според градоначалничката на Тетово, Теута Арифи не е само политички маркетинг  туку проект на кој се работело долго време. Арифи за ТВ21 вели дека проектот за училиштето во Мала Речица треба да заврши до март 2021 година.

„Според програмата на МОН тоа е предвидено со буџет да заврши во текот на 2020г. и поради некој можен технички проблем може да се одлоговлекува до 2021 г. но главно компанијата преземаше одговорност за да заврши до март 2021 година“, посочи Теута Арифи.

Министерот за образование, Арбр Адеми,  истакна завршиле сите потребни постапки за изградбата на оваа училиште и дека започнале подготвителните работи на локацијата каде треба да се изгради училиштето.

„Почнаа подготвителните активности на локацијата каде треба да се изгради училиштето во Мала Речица. Завршија сите процедури, потпишан е договор со изведувачот, со МБ Компани, исто така е потпишано договор и со надзорникот на градежните работи и се оди според предвиденото планирање“, истакна Арбр Адеми.

Проектот за училиштето во Мала Речица, достигнува вредност од 1 милион евра, средства обезбедени од државниот буџет, МОН и мал дел од општина Тетово.

Училиштето беше ветено од Арифи во 2013 година, во првиот мандат, а таа е скоро во секоја програма на ДУИ.