Екипите на Струга Трим Лум и на Силекс, одиграа 1:1 со своите ривали Лиеапаја односно Петрокуб во првото коло од Лигата на Конференции на УЕФА.
Струга Трим Лум на гостински терен во Летонија, губеше со 1:0 во 31. минута со гол на Додо. На 1:1 израмни Исени во судиското надополнување, во 93. минута од средбата, и стружани имаат поволен резултат пред домашниот реванш.
Силекс, пак, имаше водство од 1:0 со голот на Додевски во 5. минута од средбата. На 1:1 во финишот од првиот дел израмни Платица и донесе нерешено за молдавскиот тим.
