УЕФА се корегираше и од официјалната веб страница го отстрани терминот „Северномакедонец“.
Сега во графата за националност кај претседателот на ФФM Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски стои „Македонец“.

Ваквата промена доаѓа по реакциите на јавноста и на Министерството за надворешни работи на Македонија кое испратило претставката до Европската куќа на фудбалот.
„МНР постојано води сметка за точната употреба на името на државата, државјанството, и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации, велат од Министерството за надворешни работи“, велат од МНР.
