Хотелите во Струга и Охрид беа затворени поради пандемијата 2 години, а сега се подготвуваат за затворање поради енергетската криза. Високите сметки за струја ги спречуваат да работат и во зимската сезона. Некои хотели се подготвуваат целосно да затворат во текот на зимата, а има дури и такви кои веќе се подготвуваат да затворат во октомври.
Затворањето на многу хотели во овие туристички места во текот на зимата може да остави многу луѓе без работа. За надминување на оваа економска криза, угостителите повторно се обратија до Владата од каде што очекуваат помош со цел барем работниците да не мора да ги отпуштат.
И за време на пандемијата угостителите добиваа поддршка од Владата за платите, но оние кои имаа успешна туристичка сезона или оние хотели кои добија средства и повторно го намалија бројот на вработени за време на пандемијата, мора да и ги вратат средствата на државата.
