УХМР предупредува: Попладне пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T=35°C. P=983hPa. U=21%. V=4m/s. UV index=7.

Денес и утре претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.