УЈП ќе контролира се преку „Е-фактура“, зголемена наплата на даноци над 5% досега

НАЈНОВИ ВЕСТИ

УЈП преку нов софтвер „Е-фактура“ ќе има надзор врз целокупниот промет на добра и услуги во Македонија. Toa ќе овозможи, детектирање на непријавен промет, фиктивните фактури, компании кои го надминале прагот и стануваат ДДВ обврзници дури и полесна контрола при данокот на добивка и личен доход.

-Тоа е една главна алатка која што многу ќе го промени начинот на работење во УЈП и во поглед на собирање на даночните птруходи, но секако во борбата со сивата економија и воопшто активностите и мерките на УЈП за мобилизација на даночните приходи, ќе влезат и многу други мерки, изјави директорката на УЈП, Елена Петрова.

5814 компании и граѓани должат кон УЈП. Директорката Елена Петрова во Дејли Клик на ТВ21 вели дека има должници кои се јавуваат со години наназад, иако правно се активни, се констатира:

-Дека немаат вработени лица, не поднесуваат даночни пријави, не вршат уплати на даноци со години наназад и тоа го поставува прашањето за нивната деловна активност. Треба да детектираме не само дали се уште се деловно активни, дали може да се пронајдат и дали имаат имоти од кои може да го наплатиме долгот, изјави директорката на УЈП, Елена Петрова.

Но за даночните службеници не е тоа главен проблем. Сопствениците знаат како играат.

-Додека УЈП ги бара средствата да го наплати долгот, должниците вообичаено преземаат спротивни мерки да го отуѓат имотот да го пренесат претпријатието на друг основач, вообичаено нерезидентен, изјави директорката на УЈП, Елена Петрова.

Во 2023 година по основ на сите даноци наплатени биле 114,2 милијарди денари, годинава заклучно со ноември наплатени се 120,1 милијарда денари, односно зголемувањето е за 5%. До крајот на годината тоа ќе се зголеми, бидејќи недостасуваат од месец декември.