Управа за јавни приходи ги потсетува сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат даночна пријава за данок на додадена вредност – образец „ДДВ-04“, дека законскиот рок за поднесување на пријавите за даночните периоди 01.01.2026 – 31.03.2026 година и 01.03.2026 – 31.03.2026 година е 25 април 2026 година. Со оглед на тоа што 25 април 2026 година е неработен ден, крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите се поместува на 27 април 2026 година (понеделник).
Според најновите податоци, од вкупно 42.605 очекувани пријави, досега се поднесени 13.934 ДДВ-04 пријави, што претставува 32,71% од вкупниот број на очекувани месечни и тримесечни ДДВ – 04 пријави.
Ги охрабруваме сите даночни обврзници да постапат одговорно и навремено да ја исполнат својата законска обврска, како и да ги достават сите потребни документи до своите сметководители со цел навремена, точна и ефикасна обработка на даночните пријави за наведениот период.
Со доследно почитување на роковите, даночните обврзници проактивно ги минимизираат ризиците од казни и камати, обезбедуваат континуитет во финансиското планирање и ја зголемуваат предвидливоста во деловните процеси. Истовремено, навременото доставување на точни ДДВ – 04 пријавите овозможува поефикасна и побрза обработка од страна на УЈП, со што се намалува административниот товар и се зајакнува усогласеноста со даночните прописи.
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителна информација или стручна поддршка можат да се обратат преку следниве канали:
Е-пошта: info@ujp.gov.mk
Од фиксна линија: 0800 33 000
Од мобилен телефон: 02 3253 200
Управата за јавни приходи и нејзините стручни тимови стојат на располагање за обезбедување точни, навремени и јасни информации со цел успешно исполнување на даночните обврски.
