Украина ја забрани вакцината „Спутник V“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украина ја забрани за употреба руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот на својата територија.

Образложението на украинските власти е „ниту една вакцина која ја произвела ‘агресорска држава’ не може да се дистрибуира во земјата“, јавува Гардијан.

Тој потег доаѓа во моментот кога ЕУ ја разгледува можноста да ја одобри руската вакцина.

Во студија на угледниот магазин „Лансет“ е објавено дека ефикасноста на вакцината е 91,6%.