Украина и Јапонија потпишаа договор за одобрување на Киев за заем до 471,9 милијарди јапонски јени (околу 3 милијарди американски долари), кој ќе биде отплатен од приходите од замрзнатите руски средства, соопшти украинското Министерство за финансии.
„Денеска министерот за финансии на Украина Серхи Марченко и вонредниот и ополномоштен амбасадор на Јапонија во Украина Масаши Накагоме потпишаа договор со кој се предвидува давање заеми за Украина до 471,9 милијарди јапонски јени“, се наведува во соопштението, пренесува Укринформ.
Средствата се дел од механизмот за извонредно забрзување на приходите за Украина (ЕРА) на земјите од Г7, во вкупен износ од околу 50 милијарди долари.
