Украинската амбасада во Црна Гора упати забелешка до националната телевизија РТЦГ поради лого

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Амбасадата на Украина во Црна Гора, имала забелешка на новото лого на Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ), поради кое контактирала со менаџментот на телевизијата.

Амбасадата реагира поради тоа што новото лого многу личи на воениот симбол на Русија.

Станува збор за РТЦГ втор канал. Од Украинската амбасада потврдија дека реагирале, но не го соопшти исходот, додека од РТЦГ не одговориле на овие забелешки.

Логото било одбрано на конкурс, кој бил распишан во август минатата година.