Украинската армија зароби севернокорејски војник распореден во Русија како поддршка на руската армија, соопшти денеска јужнокорејската разузнавачка служба. Тоа е прв познат случај на заробен војник од Северна Кореја откако Киев и Западот објавија дека Пјонгјанг испраќа војници во Русија.
„Во размената на информации со сојузничка земја, потврдено е дека е заробен ранет севернокорејски војник“, соопшти јужнокорејската разузнавачка агенција, без да даде детали.
Според Киев, 12.000 севернокорејски војници се распоредени во рускиот регион Курск, каде што украинската армија окупираше неколку стотици квадратни километри во август.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави претходно оваа недела дека повеќе од 3.000 севернокорејски војници загинале во регионот Курск.
BREAKING ‼️ Reported as the first captured North Korean
What could Ukraine do with him? pic.twitter.com/6gvFSilnca
— PS01 □ (@PStyle0ne1) December 26, 2024