Ако одите до детската клиника Козле треба да поминете по оваа улица.
Иако екс градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и екс градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов за ТВ21 дадоа неколку рокови за реконструкција на улицата, работите никогаш не започнаа. Последниот пат ни рекоа дека се издвоени средства за улицата “Загрепска“ меѓутоа ваквата информација ја отфрла актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.
Арсовска ни рече дека оваа улица е под надлежност на општината, затоа се обративме до градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски дали ќе се погрижи за патната инфраструктура која води до детската клиника Козле, но ни тој не вети временска рамка.
Во Институтот за белодробни заболувања Козле дневно одат на преглед околу 100 деца од цела Македонија. Родителите кои ги носат своите деца овде на преглед, постојано се жалат. Болницата Козле е изградена во 2015 а улицата која води до таму е долга околу 500 метра, но е во лоша состојба, како за автомобилите така и за пешаците.
