Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, ги критикуваше налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана поради војната во Газа.
„Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер и министер за одбрана. Оваа одлука е срамна и апсурдна“, напиша Петер Сијарто на својот Фејсбук.
„Само што разговарав по телефон со мојот колега Гидеон Саар, израелскиот министер за надворешни работи, и го уверив дека Унгарија ја отфрла секоја институција на меѓународниот правосуден систем што се користи како политичка алатка, а сега тоа се случи.
Оваа одлука го посрамоти меѓународниот правосуден систем изедначувајќи го премиерот на земјата нападната од жесток терористички напад со водачите на терористичката организација која го изврши злобниот напад. Одлуката е неприфатлива“, додаде тој.
