Униформите на полицијата и на албански – Нухиу ги потпиша актите, Владата треба да ги дефинира со декрет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вала ќе изгледаат двојазичните амблеми на полициските униформи. Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска потпишал нормативни акти амблемите да бидат и на албански, отворајќи така пат за спроведување на албанскиот јазик таму каде што дозволува законот.

„Овие акти треба да ги одобри владата и потоа да се отворат постапки за тендер да може во пракса да се интервенира за амблемите на полицијата. Тоа е нормативна база која отвора пат и на други активности поврзани со обезбедување на амблемите и на албански јазик“, истакна Агим Нухиу.

Причината зошто оваа работа не е завршена додека на чело на МВР бил Спасовски а потоа и Чулев, Нухиу вели дека тоа нема врска со политичката волја на претходниците, туку причината е процедурална, бидејќи членовите на работната група формирана специјално за двојазичноста во МВР, неколку пати го разгледувале тоа прашање.

„Да, имаше и аспекти а процедурални ангажмани бидејќи тоа е професионална работа, тешка работа каде треба да се одредат сите детали за операционализација на употребата на албанскиот јазик во полицијата“, додаде Агим Нухиу.

За употребата на албанскиот јазик да не остане на  милост и немилост на политиката волја на неговите наследници, Нухиу потсетува дека спроведувањето на двојазичноста не е прашање на волја туку институционална обврска.

Точка 3 од член 8 од законот за употреба на јазиците предвидува на албански јазик да бидат униформите на полицијата, пожарникарите, здравството, во Скопје и другите општини каде најмалку 20% од населението говорат албански јазик.

Токму овој член беше причина законот да се испрати во Венецијанската комисија за мислење.

Во своето оценување, Комисијата рече дека меѓународните стандарди не го уредуваат ова прашање, затоа не гледаат конфликт во член 8 со меѓународните конвенции.