Патот кој води до бањата во Тетово ги загрозува минувачите кои минуваат од овде кога врне снег или дожд. Лизгање на земјиштето и одрон на камења на среде улица и блокирање на патот се случува секој пат кога врне дожд или снег. Иако оваа улица е направена пред само две години, таа претставува опасност за минувачите. Во зима оваа локација не е толку фреквентна но и тие малку граѓани кои минуваат се во опасност.
„Патот до Тетовската бања е еден од најопасните патишта особено кога врне дожд или снег, неизградбата на потпорниот ѕид ја прави оваа улица опасна особено во овој период“, јавува репортерот на ТВ21.
Граѓаните кои ги сретнавме не сакаа да зборуваат пред камера. Тие велат дека се уморни од изразување револт.
„Ова некогаш не беше, сега е добро, но дали е до изведувачот или до проектот, треба да се види.“.
Но од општина Тетово во писмен одговор велат дека се запознаени со оваа проблематика и дека работат на тоа.
Според нив работите треба да започнат многу брзо а и дека е избрана и компанијата која ќе ги изведува работите за решавање на овој проблем без да спомнат конкретно како ќе се реши проблемот. Од општина Тетово апелираат до граѓаните да бидат внимателни поради лизгање на земјиштето.
„Нашите екипи интервенираат во повеќето случаи кога има лизгање на земјиштето. Овој проблем се обидовме да го решиме со потпорни ѕидови но со тек на времето видовме дека е невозможно бидејќи ѕидот се урива. Во врска со тоа изработен е голем проект, за негово реализирање потпишавме и договор со една компанија и се надеваме дека со реализирање на овој проект нема да има лизгање на земјиштето.“, велат од Општина Тетово.
Како што велат од Општината, оваа улица која е направена има за цел да оди до село Бродец, потоа и до селата Вешала и Бозовци со што на жителите од овие села ќе им биде полесно да слезат до градот. Сега за сега од селата Бозовце, Вешала и Бродец за да се дојде до градот се минува преку Шипковица.
