Вака изгледа улицата „Јане Сандански“ во Тетово. Иако е на само 30-тина метри од општинската зграда, сепак е една од најоштетените во градот. Жителите кои ги сретнавме велат дека оваа улица е асфалтирана во 1998 година и дека сѐ уште го носи името од поранешниот комунистички систем.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, во текот на промовирањето на дел од патот кој води од Здравствен дом до булеварот „Илинден“ рече дека по завршувањето на оваа улица, ќе биде саниран и овој дел од патот.
„Општина Тетово планираше да се реализира оваа година. Спроведена е постапката за набавка, склучен е договорот и откако ќе заврши, ќе продолжи санирањето на улицата до крстосницата кај о.Тетово“, истакна Арифи.
Поголемиот дел од споредните улици во Тетово се во лоша состојба, а општината со години нема инвестирано во нивно асфалтирање. Сега, кога нѐ делат само неколку месеци од локалните избори, општинските власти се активираа за санирање на дел од улиците.
