УО на Агенцијата ја разреши Лидија Димова од директорка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

И официјално – Лидија Димова е разрешена од директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова е одлука на Управниот одбор на Агенцијата, откако јавното обвинителство против неа и против уште неколку лица отвори истрага по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција за злоупотреба на средства во висина од 400 илјади евра европски пари.

Покрај Димова, во случајот се опфатени и сопственикот на „В.Е.З. трејд“, Зоран Златковски, надворешен соработник со иницијали А.Г. и А.П., како благајник во Националната агенција.

Најавеното разрешување на директорката Димова, го најави Љупчо Николовски на ТВ21 во „Клик Плус“ кој истакна дека ќе побара да си поднесе оставка, а доколку не се случи тоа, ќе биде разрешена.

Димова беше во центарот на вниманието откако беа објавени сомнителни проекти за кои се делеле европски пари. Таа на рпес-конференција се бранеше, и истакна дека нема да поднесе оставка се додека не истражи како биле проневерени 2,2 милиони евра од претходното раководство на Националната агенција.