Уписите за средно училиште во тек, најголем интерес за гимназија, најмал за текстилните струки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Започнаа уписите за средно образование, но каде младите гледаат или имаат најголем интерес. Како и изминатите години, гимназијата е една од првиот избор кој што го прават младите. Веднаш потоа следува и стручното образование, но две насоки од тоа стручно образование се најмалку интересни за идните средношколци. Тоа е текстилната и кожарската индустрија. Но, зошто ова е вака?

Просечна плата во овие две области е 250 евра, па токму тоа е можеби еден од главните проблеми. Но исто така државата од оваа година дава и стипендии за ученици кои ќе се запишат на овие две насоки или смерови. 40% од текстилните фабрики се наоѓаат на истокот од државата и значат голем бенефит во бруто домашниот производ на нашата земја.

Но, и корона кризата си го направи своето. Пријавени се само 10 ученици на овие насоки кои што ги споменавме претходно. Намален е и бројот на завршени основци, токму поради пандемијата и online наставата потенцираат од средните училишта. Но стопиран е и проблемот со недостатокот на работници токму во вие индустрии, бидејќи секој бараше работа повеќе во оваа ковид пандемијата.

Но, што сакаат младите најповеќе да учат? Тоа се информатиката, но останува висок процентот на оние млади кои што ја напуштаат нашата држава. Новите промени кои ги воведе новите промени Министерството за образование и наука кога е во прашање средното образование. Помалку теорија од оваа година ќе се изучува во средно образование, повеќе ќе имаат пракса учениците и она што ќе го изучуваат на час ќе може и практично да го работата во одредени компании.

Државата воведува и стипендии како би ги стимулирала учениците да се запишат на некои од оние кои се помалку интересни смерови за учениците.


3.500 дулни паралелки се воведуваат за прв пат оваа учебна година. А 2200 денари за дефицитарните струки ќе дава МОН за еден ученик. Но, какви се информациите во моментов. Во тек е првиот конкурс кој го спроведува МОН, 109 средни училишта може да се на располагање за идната учебна година, нешто над 30.000 слободни места, 912 паралелеки.

Во стручното училиште речиси 20.000 ученици ќе бидат примени во 604 паралелеки. Гимназијата, една од најинтересните за избор ма учениците. 9261 ученик во 274 паралелки. Интересни се и податоците за уметничко, информатика или математичкиот смер.

Ќе се запишат 1200 ученици во 35 паралелки, а првиот рок помина на 14-ти и 15-ти овој месец, но втора шанса учениците имаат во вториот рок на 23-ти и 24-ти овој месец. Но, како средните стручни училишта од истокот ги стимулираат учениците токму на овие не толку популарни смерови да ги изберат за продолжување на нивното образование.

„Внесени се сите новини во технолошкиот развој, во делот на конфекциската индустрија, внесени се предмети за компјутерско моделирање и градирање, а дел на компјутерски дизајн на облека со софтвер кој што го имаме повеќе години во нашето училиште“, посочи директорката на СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип, Катица Костова.