Фросина Ушлиновска, претставник на Групацијата за недвижности при Стопанската комора, вечерва во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 порача дека и покрај растот на цените на недвижностите, интерес на граѓаните постојано има.
„Состојбата со покачување на цените е континуирана, значи постојано растат. Интересот од граѓаните за купување на недвижности постојано има. Тоа не е само тренд, тоа е и наше како културно богатство што си го имаме како Македонци, секогаш сакаме да инвестираме во недвижности, односно го сметаме за најстабилно инвестирање. Што и да прават луѓето, како и да приберат некој, некој денар плус ги инвестираат во недвижности, не во некои бизниси и така натаму. Тоа и во генерални рамки на ниво на Балканот не, не водат како такви, дека ние Македонците се вложуваме во недвижности“, вели Ушлиновска.
