Уште 10 жртви од ковид-19 во Тетово – отворени 5 вакцинални пунктови во градот и 5 во селата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Постојат обиди имунизацијата во градот Тетово да се постигне преку отворањето на пет вакцинални пунктови во градот и пет во руралните општини – изјави за ТВ21, директорот на Здравствен дом Тетово, Борислав Јоргаќиевски. Додаде дека во Тетово има четири локации каде се врши вакцинација, а пункт за вакцинација има и во Домот  на култура во Тетово.

Центарот за вакцинација во Тетово ќе се затвори поради тоа што во септември почнува учебната година со физичко присуство.

Според Јоргаќиевски, се водат разговори со тетовската болница и тие да нудат помош со медицински кадар бидејќи ставањето во функција на пунктовите за вакцинација бара поголем ангажман на медицински кадар.

Во последните 24 часа во Тетово починале 10 лица како последица на Ковид-19. 120 пациенти се хоспитализирани од кои 118 се на кислородна терапија. Најзагрижувачки е бројот на лица кои побарале лекарска помош во болницата, 245 лица, кој покажува дека бројот на заразени продолжува да расте.