Во Србија бројката на заболени со коронавирусот се искачи на 4 лица, откако уште две лица беа потврдени со присуство на вирусот, соопшти министерството за здравство на таа земја.
Вчера беа потврдени два случаи, а од синоќа до утринава биле тестирани уште пет лица, од кои два теста се покажале позитивни и три негативни на коронавирусот.
Претседателот на земјата, Александар Вучиќ најави забранет влез за лица кои биле во загрозените подрачја како што е северна Италија.
