Шемседин Јашари, еден од обвинетите во случајот „Двојник“ за нелегално издавање на пасоши, призна вина на денешното рочиште за овој предмет, пренесува ТВ21. Тој се изјасни за виновен за злоупотреба на службената положба.
Беше осуден на затворска казна од 1 година и 7 месеци.
Претходно уште шест лица признаа вина за оваа афера од вкупно 11 обвинети. За останатите четворица судскиот процес е во тек.
Аферата „Двојник“ беше обелоденета пред еден месеец, откако беше откриено дека се издадени преку 200 пасоши. МВР уапси неколку лица во пасошко во МТВ, додека по едно лице беше распишана и меѓународна потерница.
