Уште еден земјотрес во Бугарија, почувствуван на длабочина од 15 километри

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала ја потресе Бугарија.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 15 километри југоисточно од Пловдив, на длабочина од 15 километри.

Засега не се знае дали има материјална штета.

Земјотресот е регистриран во 19:24 часот. Ова е втор земјотрес денеска. Претходно околу 16 часот беше регистриран земјотрес со јачина од 2,8 степени.