Тешка несреќа во близина на аеродромот во германскиот град Штутгарт. Мал авион се урнал на само неколку метри пред пистата.
Авионот „Цесна“ полетал од Лојткирх им Алгој во 15:39 часот, и несреќата се случила во 16:21 часот. Во моментов на уривањето, околу аеродромот имало многу магла.
Полицијата првично извести за три лица, но во авионот имало две лица. Едниот е полесно, другиот потешко повреден. Двајцата се пренесени во болница.
Сите летови до аеродромот се за момент пренасочени, а полетувањата ставени на чекање.

