Уште една партија на Турците дел од Европскиот фронт – Ахмети: Македонија да не биде за едни мајка, за други маќеа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште една партија на Турците се приклучи на Европскиот фронт. Станува збор за Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија. Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, како иницијатор на Европскиот фронт, денеска потпиша коалициски договор со претставниците на оваа партија Салих Мурат и Силејман Баки. Според договорот, Баки ќе биде носител на листата во изборната единица три, на заедничките листи на Европскиот фронт. Салих Мурат рече дека нивната партија се приклучува на Фронтот со цел да се сменат состојбите во секоја сфера на општеството, особено состојбата на турската заедница во земјата, исполнувајќи ги нормите за човекови права предвидени во Уставот.

-Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, заедно со пријателите на нашата кауза, одлучивме да бидеме активен дел на политичката сцена во земјава. На политичката сцена доаѓаме з да ја смениме состојбата во секоја област на нашето општество, особено на нашите сонародници Турци. Ние доаѓаме на политичката сцена за да ги исполниме правата и слободите одредени со Уставот на Северна Македонија и меѓународните норми-изјави Салих Мурат.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека сите партии на Европскиот фронт ќе се залагаат заедно за помалите заедници, бидејќи, како што додаде, Македонија е голема земја и треба да се грижи за помалите заедници.

-Поколенијата што доаѓаат да немаат работа и обиди за тоа како да ги унапредат нивните права во нивната држава. Туку нивната држава да се грижи а не како што беше пред 22 години, за едни мајка а за сите други маќеа. Затоа ние ќе работиме на овој Фронт, оваа држава да биде мајка за сите-рече Ахмети.

Ахмети најави дека утре во Гостивар ќе се потпише коалицискиот договор со Алијанса за Албанците на чело со Зијадин Села кој ќе биде носител на листа во петтата ИЕ. Што се однесува до турските партии, на листите на европскиот фронт се очекува Сали Мурат да биде осми на листата во зоната шест, додека Бејџан Иљаз од ДПТ е шести на листата. Инаку, до сега Европскиот фронт брои вкупно седум политички партии, кои заедно со АА ќе станат осум. На овој фронт се очекува да се приклучи и босанска партија.