Уште една спортска легенда остана без дом во Лос Анџелес

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Легендарниот американски кошаркарски тренер Стив Кер остана без покрив над главата по пожарите што го зафатија Лос Анџелес.

Луксузниот дел од Палисадите претрпе огромна загуба, а просечната цена на недвижностите во тој дел е три милиони долари.

„Беше тешко. Моето семејство е добро. Мајка ми е во добри раце, но нејзината куќа ја нема. Тоа е мојот роден град и сите мои пријатели кои се од таму ги загубија своите семејни домови. Целото наше средно училиште, средното училиште Палисадес Чартер, беше уништено во пожарот. Градот изгледа целосно срамнет со земја“, изјави тренерот на Голден Стејт Вориорс.

Кер е на клупата на тимот од 2014 година и има освоено четири НБА прстени.