Уште едно лице е спасено од рушевините во Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Спасителските екипи во Измир и понатаму трагаат по преживеани лица под рушевините на зградите откако силен земјотрес ја погоди Турција и Грција во петокот.

Н1 ни носи нова снимка од акцијата на спасувачкиот тим.

Силен земјотрес што го погоди егејскиот регион во Турција уби 91 лице, соопшти во понеделникот Агенцијата за управување со вонредни состојби (АФАД).

Силниот земјотрес што ја потресе областа во близина на Сеферихисар во Измир во петокот, беше проследен со 1.286 земјотреси, од кои 43 беа посилни од четири степени.