„Во 2019 година сакавме да ги спакуваме сите предмети и да ги предадеме на Јавното обвинителство. Бевме разочарани сите, не ни дадоа да работиме“, рече Јанева во денешниот говор во судница во рочиште за случајот „Рекет“.
Таа рече дека го сакала ова кога Врховен суд ги потврдил одлуките на тогашниот претседател за аболиции.
Катица рече дека таа и нејзините обвинители биле деморализирани и дека се чувствувало разочараност поради тоа што тие ги гонеле криминалците, а некои потпишува аболиции.
„Немаше што да работиме, не ни даваа да работиме и јас тогаш реков предметите да ги предадеме во ЈО“, рече Јанева која дополни дека откако е во притвор девет месеци, ниту еден предмет од тие што биле предадени во ЈО, не бил „мрднат од мртва точка“.
