Уставни измени, Таравари: Дајте ни 1 година – Мицкоски: Нема да се поместам ниту милиметар од ставовите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на АА, Арбен Таравари во Дејли Клик, прашан за уставните измени, побара трпение од 1 година откако влегоа во Влада, бидејќи како што рече претходната Влада не ги направила уставните измени уште од 2014 година.

Таравари: Ние имавме еден услов кон ВМРО-ДПМНЕ да се направат?

Модератор: Рокот беше 6 месеци?

Таравари: Да, 6 месеци.

Модератор: Затоа прашав, дали ќе се одржи дадениот збор?

Таравари: Но анализирајте ги и околностите, бидејќи да беше се во ред…

Модератор: Но и кога се кажува зборот, треба да се гледаат околностите…

Таравари: Дали уставните измени се ветени претходно? 2014, 2016, 2017, 2020 година.

Модератор: Да!

Таравари: Дајте ни барем 1 година, на нив им дадовте 10 години.

Модератор: Ние ќе ви дадеме и 2 години, но вие самите кажавте 6 месеци.

Таравари: Не, настојувавме постојано што поскоро да се случат уставните измени.

А премиерот Мицкоски  вели дека нема да се помести ниту милиметар од тоа што го има кажано.

Инаку, поради уставните измени, односно вметнувањето на Бугарите во Уставот, патот на Македонија кон ЕУ е блокиран.