Уставниот совет на Франција маневрираше за да ги спаси сметките од предизборната кампања на Жак Ширак и Едуар Баладур на претседателските избори во 1995, ова и покрај бројните неправилности кои беа констатирани, јави дописникот на МИА.
Архивите на Уставниот совет на Франција се отвораат по 25 години. што беше прилика за истражната екипа на Радио Франс да дојде до архивата која се однесуваше на предизборната кампања за претседателските избори во 1995 година. Членовите на уставниот совет, кој на времето беше претседаван од Ролан Дима не го испочитуваат правото и законите за да го валидираат сметките на Ширак и Баладур. Односно тие ги затворија очите на милионите фрабцѕски франци со сомнително потекло кои беа вбризгани во кампањата, а истовремено двата кандидати широко го надминаа прагот на дозволените средства за предизборната кампања.
Така на пример наместо дозволените 90 милиони француски франци за првиот круг, Едуар Баладур пријавил дека потрошил 83 милиони, но по проверката произлегува дека тој го надминал прагот за шест милиони. Кај него на пример било регистрирано уплата на сметката на 10 милиони евра во готово, со објаснување дека тие пари се од продажбата на маички.
