Уставниот суд мора да ја држи политиката во рамките на правото и да им се спротивстави на политичките притисоци, изјави претседателот на Судот, Дарко Костадиновски.
На средба со новинарите во Охрид, тој оцени дека протестите пред институцијата и иницијативата за негова интерпелација во Собранието се обиди за влијание врз работата на Судот.
Костадиновски информираше дека предметите за Законот за употреба на јазиците и случаите од Хаг ќе бидат разгледани откако Судот ќе го комплетира составот од девет судии.
Говорејќи за новиот Кривичен законик, тој истакна дека треба да се исправат пропустите од претходните измени, особено во случаите на злоупотреба на службената положба и јавните набавки.
не смее да има недопирливи. Законите и Уставот важат за секого. Уставот има еден принцип. Секој е еднаков пред Уставот и законите, а не некој да е еднаков, некој да е помалку еднаков“, нагласи Костадиновски.
