Уставните измени, нема доволен број пратеници – Таравари: Има сигнали од ВМРО-ДПМНЕ дека може да се најде решение

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Немањето доволен број во Собрание за уставните измени е сериозен проблем, меѓутоа има некои сигнали од ВМРО-ДПМНЕ дека оваа партија остава простор дека може да се изнајде некакво решение. Вака изјави синоќа Арбен Таравари, в.д. претседател на АА во интервју за АБЦ Њуз. Според него во моментов се 74 пратеници кои би гласале за уставните измени.

-Проблем се бројките. 64 плус 10 се 74. Недостигаат уште 6 пратеници кои се од ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Сериозен проблем е иако различни фактори кои имаат импакт во македонското општество велат дека ќе се обезбедат. Има сигнали од ВМРО, од каде велат дека доколку ова е последниот услов на ЕУ и нема други условувања за Македонија, ние сме подготвени да дадеме поддршка. Прв пат, последниве 2-3 недели г. Мицкоски ова го истакна како можна варијанта и остави простор да се размисли дека може да се најде некакво решение, изјави В.Д. претседателот на АА, Арбен Таравари.

Но вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека уставни измени нема да има и дека оваа тема е затворена.

Токму за оваа тема се очекува да се зборува на лидерската средба која е свикана за понеделник од страна на премиерот Димитар Ковачевски. Мицкоски потврди дека ќе учествува на средбата но за да се разговара за предвремени избори а не уставни измени. На утрешната средба се очекува да учествуваат сите парламентарни партии освен Левица. Инаку со9 уставните измени треба бугарската заедница да се вметне во Преамбулата како обврска за евроинтеграциите на земјава во ЕУ.