Уставните измени висат меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди – разговори за ова по изборите, велат од двете страни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ кои велат дека тие ќе бидат идните владини коалиционери, се уште немаат конечен став околу усвојувањето на уставните измени кои се услов за продолжување на евроинтегративниот пат. Се чини дека околу оваа тема допрва ќе се кршат копјата бидејќи од една страна Мицкоски вели дека не прифаќа условувања со уставните измени, но од друга страна од ВРЕДИ остануваат на својот став дека промените на Уставот за нив се приоритет. Вчера и Касами и Гаши излегоа со изјави дека нивната коалиција е гарант дека уставните измени ќе се усвојат за која, како што беше истакнато постои посебна рамка и рокови за спроведување на оваа обврска и дека тоа е услов за идната Влада. Денеска Изет Меџити во однос на ова кратко одговори дека засега се фокусирани на кампањата а откако ќе седнат да разговараат со ВМРО-ДПМНЕ ќе го изнесат нивниот став.

Ние и претходно и сега велиме дека сме заинтересирани да бидеме фактор за Влада која ќе биде европски ориентирана кон НАТО и Европска унија, за нас тоа е приоритет, но сега сме фокусирани на кампањата, на нашата програма на контактите со граѓаните. Кога ќе седнеме овие ставови ќе ги разговараме на маса. Нашиот став е јасен, мислам дека нема дилеми некој кој е ставот на ВЛЕН за евроиинтеграции“, порача Изет Меџити.

И Мицкоски вели дека се фокусирани на кампањата и дека за уставните измени ќе се разговара по изборите. Но сепак повтори дека уцени за уставни измени нема да прифати.

Ставот на ВМРО-ДПНЕ и мој личен е дека не функционирам на основа на уцени, на основа на закани, така што нека завршат изборите на 8 мај па ќе дискутираме за многу работи. Ќе седнеме и ќе разговараме со сите политички партии во Македонија кои што се опозициски, она кое што го кажавме е политички општествен консензус кој што нас ни е многу важен против владините партии“, порача Христијан Мицкоски.

Околу ставот уставните измени претходно  и Европскиот фронт и ВРЕДИ тврдеа дека тоа  е услов за формирање Влада. Европскиот фронт дури конкретно постави услов, прво уставни измени, а потоа договор за владина коалиција.