Утре седница на Советот за безбедност, поканет и Филипче, главна тема актуелната ситуација со Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре, 29 октомври 2020 година, четврток, со почеток во 11:00 часот во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за медиумите.