Утре судот во Нови Сад ќе ја соопшти одлуката за обвинението покренато против 13 лица за падот на настрешницата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре Вишиот суд во Нови Сад ќе ја соопшти одлуката за обвинението покренато против 13 лица по падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град на 1 ноември лани.

Одлуката ќе биде објавена утре во 11 часот.

При падот на настрешницата на 1 ноември минатата година, 14 лица загинаа на лице место, а тројца беа тешко повредени, од кои двајца подоцна им подлегнаа на повредите.