Комисијата за заразни болести утре ќе одржи седница на која ќе се разгледуваат последните случувања и ширењето на британскиот сој на коронавирус.
Засега нема информации дали ќе има предлог до Владата за евентуално нови рестриктивни мерки.
Кавадарци, Охрид и Прилеп се нови жаришта, каде британскиот сој го зголеми бројот на позитивни лица.
Доктор Никола Пановски во изјава за Телма вели дека треба овие мерки да останат на сила, но да се почитуваат.
Најалармантно беше во вторникот, кога процентот на заразени од направени тестови се искачи на 22.