Утринските температури во минус, дневните до 18

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За денеска во Македонија се прогнозира сончево време со мала до умерена облачност во северните, средните и источните делови во земјава.

Утринските температури во одделни делови ќе бидат во минус, а дневните ќе се искачат од 12 до 18.

Така најстудено се очекува да биде во Берово, каде што утринската температура ќе биде -4.

Во Скопје утрински температури околу нулата, додека дневната ќе се искачи до 13 степени.

Најтопло во текот на денот ќе биде во Гевгелија каде се очекува температурата да се искачи до 18 степени.