Утрово минусни температури има само на Попова Шапка каде се измерени -1 степен.
Следуваат 1 Mаврови Анови, 2 Kрушево, Лазарополе, 4 Претор, 5 Охрид, Берово, 6 Крива Паланка, Битола, Прилеп, 7 Тетово, 8 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Штип, Виница, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, 9 Гевгелија.
Најмногу дожд имало во Маврови Анови дури 40 l/m2, а тука се и 35 l/m2 Попова Шапка, 17 Битола, 13 Kрушево, 8 Демир Капија, Гевгелија, Пожаране, 7 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Лазарополе, 6 Претор, Пожар-Радовиш, 5 Крива Паланка, Тетово, Прилеп, 4 Куманово, Велес, Кавадарци, 2 Виница, Струмица, 1 Штип, Ѓуриште, Тополчани.
Снежната покривка на Попова Шапка утрово изнесува 72 см.
Oблачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²), на повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
