Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -3 степени.
Следуваат 0 Mаврови Анови, Kрушево, Лазарополе, 1 Берово, 3 Крива Паланка, Претор, 4 Битола, Прилеп, Виница, 5 Охрид, Тетово, Штип, 6 Куманово, Велес, 7 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци, 8 Демир Капија, Гевгелија.
Најмногу снег има на Попова Шапка каде се измерени 58 см, и 1 см во Крушево.
Променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежи од повремен снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно, со слаби врнежи од дожд во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
