Утринските температури низ земјава се движеа од минусни вредности на планините до релативно благи на југот. Најстудено утрово беше на Попова Шапка со измерени -2 степени Целзиусови, додека 1 степен е регистриран во Маврови Анови и Лазарополе. Температура од 2 степени е измерена во Крушево, 3 во Пожаране, а 4 степени во Тополчани, Претор и Прилеп. Со 5 степени утрово беа Берово, Тетово, Охрид, Ѓуриште и Битола, 6 степени во Крива Паланка, Скопје – Зајчев Рид и Велес, 7 во Кавадарци и Куманово, 8 во Виница, додека најтопло утро имаше во Струмица, Демир Капија, Штип и Гевгелија со 9 степени.
Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани во Гевгелија – 19 литри на метар квадратен. Во Струмица наврнале 12, во Берово 10, додека 9 литри на метар квадратен се измерени во Демир Капија, Крива Паланка и на Попова Шапка. По 8 литри има во Битола, Пожаране и Лазарополе, 7 во Тетово и Маврови Анови, 5 во Крушево и Ѓуриште, 4 во Прилеп и Штип, 3 во Виница и Велес, 2 во Претор, Куманово, Кавадарци, Охрид и Тополчани, а 1 литар во Скопје – Зајчев Рид и Скопје – Петровец.
Снежна покривка утрово до 7 часот е измерена само во Крушево, каде што висината изнесува 8 сантиметри.
Времето денеска ќе биде претежно облачно, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови од земјата се очекуваат врнежи од дожд, локално над 20 литри на метар квадратен, додека на повисоките планини во северозападните делови ќе има врнежи од снег. Максималните дневни температури ќе се движат од 8 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне до 13 степени Целзиусови.
