Најниска температура утрово беше измерена во Берово, каде беа регистрирани -13 степени. Во Скопје-Петровец беа измерени -11 степени, исто и во Струмица. Во Битола -10, додека во Скопје (Зајчев Рид) беа измерени -9 степени.
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):
-13 Берово, -11 Скопје-Петровец, Струмица, -10 Битола, -9 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Гевгелија, -8 Штип, Демир Капија, Кавадарци, -7 Охрид, -6 Попова Шапка, -5 Претор, Виница, Kрушево, -4 Mаврови Анови.
Времето денеска ќе биде облачно и студено со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен и повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде од 2 до 6 степени.
Во Скопје променливо облачно и студено. Ќе дува умерен ветер од јужен правец и максимална температура до 3 степени.
