Во Тузла, БИХ, синоќа маж извршил самоубиство скокајќи од зграда. Во неговиот стан подоцна полицијата пронашла мртви три лица – жена и две деца, јавуваат медиумите во оваа земја.
Се претпоставува дека мажот најпрво ги усмртил жената и двете деца, а потоа извршил самоубиство.
На теренот излегле припадници на Министерството за внатрешни работи и службите на Итна помош откако човекот извршил самоубиство, а потоа во станот од каде го извршил делото, биле пронајдени и безживотните тела. На местото излегол и државен обвинител.
