Две лица загинаа во пад на мал авион во Германија.
Според извештаи на очевидци, авионот експлодирал во воздух, а остатоците паднале врз станбена област.
Спасувачките служби соопштија дека, покрај двете загинати лица, уште едно лице е тешко повредено, пренесува „Welt“.
Несреќата се случила во близина на улицата Max-Planck-Straße во градот Лимбургерхоф, јужно од Манхајм, во сојузната покраина Рајнланд-Пфалц.
Заменик-инспекторот за противпожарна и катастрофална заштита во округот, Аксел Фишер, изјави дека моторниот авион очигледно експлодирал во воздух. Остатоците биле разнесени врз околните куќи, а сведоци тврдат дека авионот ја закачил една од куќите.
Полицијата, спасувачките служби и пожарникарите се масовно на терен. Засега нема извештаи за повредени жители од станбената област.
