Ужас во Панчево: Русин си ги убил сопругата и детето, па си пресудил и себеси

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во населбата Котеж во Панчево ноќеска околу полноќ, 50-годишен маж ги убил сопругата и деветгодишното дете, а потоа се самоубил.

Од Основното јавно обвинителство во Панчево го потврдија настанот. Постои сомневање дека таткото (51) со остар предмет, највероватно нож, ги убил сопругата (50) и детето (9), по што се самоубил. Станува збор за руски државјани.

Семејството се преселило во Панчево во август минатата година и имале соодветни дозволи за престој и визи.

– Нивни пријатели, исто така руски државјани, пријавиле во полиција дека не им се јавуваат, по што полицијата и пожарникарите насилно влегле во станот, наведе извор запознаен со истрагата, објави Нова.рс.

Досега немало јавувања од тоа семејство и од соседите поради расправија и врева.

– Од станодавецот дознавме дека по професија биле доктори и дека сопругата неодамна се пожалила дека нејзиниот сопруг е во депресија, но дека никогаш не правеле проблеми и дека биле нормално семејство, објави РТС.

Наредена е и анализа на телесното ткиво за присуство на наркотични дроги, алкохол и лекови на база на седативи, а се прибираат и други докази потребни за утврдување на сите околности на настанот, соопштија од Обвинителството.