Ужас во Словенија: Се урна авион во близина на фудбалски терен, има загинати

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Полициската управа на Мурска Собота во Словенија денеска соопшти дека мал спортски авион се урнал во близина на локалното фудбалско игралиште, при што загинале три лица.

Словенечката агенција, повикувајќи се на пишувањето на локалниот портал Соботаинфо, наведува дека малиот авион се урнал во близина на селото Ганчани во североисточниот дел на Прекомурје.

Од полициската управа велат дека околу пладне биле известени за несреќата.

Медиумите јавуваат дека во авионот требало да има четири лица, но едното не се качило во него. Авионот се урнал во близина на фудбалското игралиште Ганчани во Белтинци.

Наводно сите тројца биле жители на Прекомурје, и летот требало да биде роденденски подарок на еден од нив.

Авионот полетал од Марибор, но наишол на густа магла, што е можна причина за падот на авионот.