Ужас во Украина: Најмалку 15 загинати во пожар на старечки дом (ФОТО+ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 15 лица загинаа и девет се повредени во пожар кој изби во дом за стари лица во украинскиот град Харков.

Пожарот избил во старечки дом во градот на истокот од земјата, соопшти државниот сервис за итни случаи. Пожарот се случил на вториот спрат во зградата. Во тој момент во зградата се наоѓале 33 лица.

На фотографијата се гледаат решетки на прозорите на првиот спрат, и дим кој излегува од вториот спрат.

Украинскиот претседател Зеленски апелираше до министерството за внатрешни работи да отвори истрага околу тоа кој е одговорен за овој пожар.