Ванчо Узунов, универзитетски професор, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека за жал, кај оваа Влада не гледа желба за спроведување на реформи.
Како што вели, требало во овие месеци да се види таа желби на дело.
„Моделот со кој што оваа Влада мисли да ја движи економијата се гледа, го кажала но и во пракса се гледа, се сведува на тоа ќе ги менуваме законите. Најлесно за политичарите е менување на законите, најди два правника, ќе ти напишат некои промени таму, членчиња ќе ти сменат, собрание имаш мнозинство, готово помина, Службен весник излезе и реформата е завршена“, вели Узунов.
Тој вели дека секоја влада до сега паѓала на истата стапица.
„Не е проблемот во менување на законите, туку проблемот е во спроведување на законите“, додава Узунов.
