Овој авион стои во хангар и е подготвен за дезинсекција.
На пладне, во хангарот на Стенковец стигна и препаратот за прскање на комарци.
Препаратот стигна но дезинсекцијата ќе се направи во среда поради најавите дека можно е да врне дожд и дека сите постапки за прскање можат да бидат неефикасни поради дождот.
„Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради денешното влошување на временските услови и најавите за нестабилност во текот на утрешниот ден, најавеното авионско прскање против комарци од (вторник) се одложува за наредниот ден. Поточно, вонредната авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 26.и 27.08.2020 (среда и четврток), во раните утрински часови“, велат од Град Скопје.
По многуте реакции на граѓаните, Град Скопје одлучи да врши вонредна авионска дезинсекција (прскање) на комарци во вторник или најдоцна во среда. Граѓаните се загрижени за каснувањето од комарци и затоа бараат помош во аптеките за спрејови или креми за заштита од зараза. Град Скопје ги известува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
