Вакцинален пункт на Универзитетот „Кирил и Методиј“, дополнителна можност за граѓаните и студентите за вакцинирање

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пред четири дена е отворен вакцинален пункт на Економскиот факултет. Лекарките ги чекаат заинтересираните млади за вакцинација против коронавирус, меѓутоа кога нашата екипа го посети новоотворениот пункт, не дојде ниту еден студент за имунизација. Дојдоа само неколку девојки кои пред вратата поставија неколку прашања. Иако пунктот е отворен во кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, тука ќе можат да се вакцинираат сите граѓани од 8 до 14 часот.

-Во вакциналниот пункт кој е отворен во Економскиот факултет, можат да доаѓаат студенти од други универзитети, вработени, но и сите граѓани кои се заинтересирани да се вакцинираат со прва доза-јавува репортерката на ТВ21.

Студентите за новиот пункт биле информирани синоќа преку и-мејл, но имаше и од оние кои не беа запознаени дека можат да примат анти-ковид вакцина во дворот на факултетот.

Лекарката Ангела Димитриевска од Студенската поликлиника смета дека интересот е на потребното ниво. Немаа статистички податоци – колку млади досега се вакцинирани, само рече дека дневно доаѓаат по десетици студенти за имунизација.

Досега во Северна Македонија се аплицирани вкупно 1.397.773 дози. Од нив, 761.579 се аплицирани на вакциналните пунктови во државата и на терен, а ревакцинирани се 636.193 граѓани. Последните бројки говорат дека 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина, а 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.